Хабиб се ивини: Татко ми ќе ме здроби, а по мечот ми се јави и Путин

Рускиот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов, по инцидентните моменти од натпреварот против Конор МекГрегор, кој го доби во директна битка за титулата, излезе на пресконференција да го објасни своето делување.

Тој беше осуден од голем дел од публиката за однесувањето по битката со Конор, но самиот борец објасни на пресконференцијата.

„Прво од се сакам да кажам и да се извинам за се, знам дека ова не е мојата најдобра страна. Не ми е јасно зошто зборуваат за мене и тоа како сум скокнал од теренот, а никој не зборува за човекот кој ја навредуваше мојата фамилија, религијата, го пцуеле мојот татко, зошто луѓето упорно зборуваат за мојата агресивност?“.

„Медиумите многу го менуваат јавното мислење за овој спорт, ова е спорт во кој се бара почит, далеку од религии и нации. Не смеете да зборувате за такви работи, тоа за мене е многу важно. Ви благодарам уште еднаш, знам дека и таткоми ќе ми префрла и ќе ме „здроби“ кога ќе си одам дома. Невада и Вегас извинете за инцидентот, но горд сум за тоа што медиумите зборуваа за мене и претседателот на Русија. Само што ми се јави и ми рече дека е горд на мене“, порача Хабиб Нурмагомедов.

Коментари

Популарно