Не е тајна дека сестрите Кардашијан-Џенер обожуваат да ја провоцираат јавноста со своите дневни комбинации.
Во тоа дефинитивно води Ким, а следна е најмалата сестра, Кајли. Тие две всушност имаат многу сличен вкус, а сјаен доказ за тоа е фустанот во кој позираше Кајли, бидејќи нешто слично пред еден месец носеше Ким.
Младиот бјути могул објави на својот Инстаграм профил неколку фотографии на кои носи син фустан од латекс, кој всушност е многу краток, па се прашуваме како воопшто го облекла и како дише од него.
Во припиениот мини корсет фустан, ја покажа својата фантастична фугура, а го искомбинирала со футуристички очила за сонце во истата боја и ташна со шарени детали и пердуви.