Миленко и се сити на Гордана Јанкуловкса: Па сеа екс-министерке, односно осудена криминалке, како се чуствуваш?

Ексцентричниот новинар, Миленко Недедлковски, на својот фејсбук профил и посвети статус на екс министерката за внатрешн работи, Гордана Јанкуловска, на која вчера и беше изречена затворска казна во траење од 6 години за случајот „Тенк“.

Неделковски ја потсети Јанкуловска за еден од прислушкуваните разговори во кој е споменато неговото име:

- Кога не си апсела, ќе те апсат.

Прашање:

Во една од бомбите каде разговараат Јанкуловска и Ставревски, а тема е гостувањето на Пешевски во мојата емисија, со смеење и подбивање велат: "пушти го Хипо нека гостува кај криминалецот"!!!

Па сеа екс-министерке, односно осудена криминалке, како се чуствуваш како колега криминалец на Миленко? Башкам големината на затворската казна те прави три пати поголем криминалец во однос на пресудата против мене.

Коментари

Популарно