„Треба да изберам меѓу тебе, татко ми и брат ми“

Пејачката Аделина Тахири неодамна се оствари во улога на мајка, за која вели дека е најубавото искуство за неа. 

Во интервју за „7дена,.мк“ таа прозобри за породувањето и откри кој се одлучил за името на синот.

„Идејата за ова име е заедничка, така сакавме и јас и Јоже, мојот сопруг. Јон пред се е библиско име. Мене тоа не ми пречи, иако сум муслиманка. Освен тоа Јонското море го има и во Албанија и во Грција а Јоже е Егеец од Костур. Јонското Море ги поврзува двете држави. Сакавме кратко име, име кое одговара на презимето Марков, е само тоа е причината, без никаква предрасуда. Јон личи на мајка му, искрено јас кога сум била мала сум била многу црна иста како него“, кажа Аделина во интервјуто.

Аделина открила и како се развивала врска со нејзиниот сопруг Јоже и како тоа го прифатило нејзиното семејство, бидејќи станува збор за различно националности.

„Љубовта меѓу нас се роди без јас да знам дека сум вљубена. Јоже ми беше многу добар пријател. Тој ме молеше година и пол да одиме на кафе. Не дека  јас се занесував,  меѓутоа таква беше состојбата. Јас имав обврски и некако немав време а и причина за да се запознам со него.  Но, наш заеднички другар инсистираше да се запознаеме. Јас му реков- само што излегов од врска и немам потреба да се запознавам со никој. Но, тој ми рече дека не станува збор за запознавање за  врска, туку да се запознаете за пријателство. Ми рече: „ Јоже е адвокат а ти си заштитно лице на фирми и ти треба совет“.  После година и пол инсистирање се договоривме да се видиме.  Го гледам фин човек. Не очекував  дека ќе биде таков. Очекував адвокат со актовка и очила.  Ми рече дека со нашето запознавање нема никакви задни намери. „ Да, ти си убава, мажите тешко би одолеале  ама знам дека јас и ти сме сосема различни. Затоа сакам само пријателство и да ти се најдам ако затреба“, ете тоа ми го рече на првата средба. И така продолжи нашето пријателство. Така се дружевме уште година и пол. Јас не бев свесна дека сум вљубена во него. Тоа ќе ви го потврдат и моите дома. Јас  цело време дома сум зборувала за него дека е многу паметен и дека ме советува за се. Секој втор ден  се гледавме и ми беше убаво бидејќи беше различен од сите други  мажи. Не ми се додворуваше, многу беше искрен и ми беше навистина многу пријатно во негово друштво. Беше информиран за се околу мене. Со него можев да разговарам за гардероба, за кариера, за  било што. Ме врза за себе без јас да забележам. Помина долг период  на дружење кога тој ме седна и ми кажа дека е вљубен во мене. Јас  бев шокирана бидејќи несвесно истото и кај мене се случуваше. Пред да ми ја признае љубовта бевме во Виена. Ме покани да му бидам гостинка а јас заминав со другарка. Јас  знаев дека Јоже е адвокат, но не знаев ништо повеќе. Не го знаев неговиот успех.  Не смести со другарка ми во хотел а тој беше на друго место. Јас до тогаш со него сум се гледала на еден до два часа дневно, но тогаш беше поинаку. Ние веќе имавме знаци на симпатија, но не ми се додворуваше.  Иако од женски аспект  ми беше чудно што не ми се додворува,  бидејќи и јас имав чувства кон него . После Виена кога се вративме во Скопје излеговме на кафе и дури тогаш призна дека и тој е вљубен во мене. Јас тогаш станав свесна на се и му реков: Јоже, јас треба да избирам меѓу тебе и татко ми и брат ми. Тие нема да прифатат. Тој, пак, ми рече- Аделина, животот е многу краток и треба да го правиш тоа што ти го чувствуваш.  Секако, одлучив да бидам со него. Зошто треба да имам предрасуди?  Зошто треба да живеам за туѓи животи? Секако дека  треба да живеам за себе.  Моите многу добро го прифатија и тој и татко ми сега се многу блиски.  Јас навистина сум многу среќна жена“, рече Аделина..

Коментари

Популарно