Колекцијата на предмети од Робин Вилијамс е продадена за 6,1 милиони долари

Колекцијата на предмети кои биле во сопственст на Робин Вилијамс и неговата поранешна сопруга Марша, се продадени на аукција во Њујорк, за околу 6,1 милиони долари, а целиот приход ќе биде уплатен во хуманитарни цели.

Меѓу предметите кои се нашле на аукцијата, интересни биле Златниот глобус, кој Вилијамс го освои за улогата во филмот „Добро утро Виетнам“ и мечот, кој трагично починатиот актер го користел за да го наслика Петар Пан во филмот „Кука“ (Нооk). Златниот глобус постигнал цена од 27.500 долари, додека мечот бил продаден за 4.750 долари.

На аукцијата исто така имало и уметнички дела, рачни часовници, мебел и накит.

Вилијамс својата слава најпрво ја стекнал како стенд-ап комичар во 70-тите години на минатиот век, а потоа својот актерски талент го усмерил на телевизија, а потоа конечно и на филмското платно.

Со Марша Грејс Вилијамс, бил во брак од 1989-та до 2010-та година, а имале и три деца. Тоа било еден од неговите три брака. За жал, Робин Вилијамс во 2014-та година, изврши самоубиство. 

Коментари

Популарно