„Жика е се што ни остана, најдете го и пружете ни утеха“

Семејството на настраданата Марија упатило апел да се пронајде кучето кое било во автомобилот на настраданата Марија, која загина во тешката сообраќајка завчера на автопатот Белград-Ниш.

Во верижниот судир на патот Белград-Ниш загинаа 8 лица, додека на одвоениот судир на истата делнцица во спротивен правец загинаа 4 лица.

Една од нив е и 33-годишната Марија Чајетинац од Трстеник.

Марија која студирала во Белград била во автомобилот заедно со нејзиното куче со кое се враќала кај своето семејство.

Што е со миленичето на девојката не се знае, а очевидци за медиумите велат дека нејзинио татко, кога дознал за несреќата дошол на местото на настанот и во бунило го барал миленичето на Марија.

Семејството на друштвените мрежи бара било какви информации за кучето Жика, кој бил мелез и живеел со Марија.

-Жика не бил во автомобилот во моментот на несреќата. Всушнот автомобилот кој го возела Марија се превртувал на патот, па се претпоставува дека кучето испаднало од возилото. Марија исклучително била врзана за него, го вдомила пред една година и сите го сакавме. Семејството моли, доколку некој го види кучето да јават на семејството. Неговото пронаоѓање многу би ни значело, а особено на родителите“, вели блиска пријателка на Марија Чајетанац.

Коментари

Популарно