ФОТО: Селена Гомез е хоспитализирана поради нејзиното ментално здравје и депресија

Пејачката Селена Гомез, вчера била хоспитализирана поради емоционална нестабилност, пренесува таблоидот „TMZ“.

Во болница завршила и пред околу две недели, поради алармантно низок број на бели крвни зрнца, после трансплантацијата на бубрег и пуштена е на домашно лекување после неколку дена, кога нејзината здравствена состојба се стабилизирала, наведуваат бројни извори блиски на пејачката.

Но, проблемот се повторил и Селена повторно била хоспитализирана против своја волја, поради што доживеала емотивна нестабилност, па е префрлена во психијатриска установа, каде што ќе престојува и понатаму, пишува „TMZ“.

Во периодот кога прв пат била хоспитализирана, Селена на Инстаграм објавила дека некое време ќе се повлече од социјалните мрежи, а пред да го направи тоа, преку лајв видео им одговарала на прашања на своите обожаватели, поврзани со нејзиното ментално здравје и депресија.

Иако како главна причина за повлекувањето од социјалните мрежи го навела нејзиното ментално здравје кое сака да остане нормално, многумина нејзината емоционална нестабилност ја поврзале со венчањето на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер со манекенката Хејли Болдвин.

Коментари

Популарно