Пресврт во трагедијата во која загинаа и Македонци во Србија

Несреќата која се случи во Србија пред неколку дена поради густата магла, во која загинаа и двајца Македонци, се уште е шок во регионот, а професорот Милан Вујаниќ од Србија објаснува дека според него сигурно не е виновна маглата, туку човечки фактор.

- Сум се движел неколку пати таму, беше магла, излегуваш и пред тебе ѕид, вели тој.

Тој вели дека има и ознаки кои помагаат поради честата магла, па според него виновен е човечки фактор.

- Брзината со која најмногу може да се движите е 40 на час, така ќе ги видите знаците, вели тој.

Вели дека ова не е црна точка, но најверојатно по оваа трагеидја во која загинаа 8 лица ќе стане.

Коментари

Популарно