ВИДЕО: И признал ужасни детали на мајка си

Мајката на 20-годишниот Бугарин, уапсен во Германија поради убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, рекла дека синот и признал дека е виновен.

„Призна дека тоа го направил додека бил пијан и многу дрогиран“, му рекла Надежда Красимирова на бугарски новинар во Германија каде живее.

„Призна и почна пред мене да плаче. Тој не е таков, не можам тоа да го разберам“, додала таа.

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство за силување и убиство на новинарката и побараа негово испорачување од Германија.

Телото на 30 годишната Маринова, водителка на емисија за регионални настани на локална телевизија, е најдено во саботата во паркот во близина на дунавското пристаниште во Русе.

Коментари

Популарно