Умре пред 8 години, а сега нејзиниот татко најавува "враќање" на дивата и турнеја!

Славната пејачка Ејми Вајнхаус почина пред речиси 8 години, а нејзиниот татко Мич најавува дека на крајот од следната година ќе организира специјална турнеја.

Добитничката на повеќе ЕМИ награди, Ејми Вајнхаус која почина на само 27 години, ќе "изведе" дигитално ремастеризирани аранжмани пред бендот кој ќе свири во живо и ќе има пратечки вокали, пренесува британското Метро. 

Англиската поп ѕвезда, 27 годишната Ејми беше пронајдена мртва во својот стан во Лондон на 23 јули 2011 година.

"Ова е исполнување на сонот за нас", рекол таткото на Ејми и додаде:

"Да ја погледнам како повторно пее е нешто што не може да се опише со зборови. Музиката на нашата ќерка допре до милиони животи и она што го остави зад себе е непроценливо".

Приходите од продажбата на картите ќе му бидат врачени на Фондот Ејми Вајнхаус, кој го основале членовите на семејството после смртта на пејачката.

"Фановите бараа нешто ново од Ејми, но навистина нема ништо ново. Сметаме дека со овој концерт ќе ги задоволиме фановите, а ќе собереме и средства за фондот", рекол Мич.

Сепак, на дел од фановите ова не им звучи добро.

"Не знам како да се чувствувам со најавувањето на овој настан".

"Оваа холограм турнеја е многу лоша идеја. Зарем не заработивте доволно со нејзината работа додека беше жива?".

Но, поголемиот број од нејзините фанови се воодушевени со идејата, па напоменуваат дека ќе ја следат оваа турнеја.

Иако оваа технологија сè уште не дозволува холограмот да се движи низ сцената, се очекува настапот кој е планиран за крајот на 2019 година да трае од 75 до 100 минути.

Последниот концерт кој покојната пејачка го одржа беше на 18 јуни во Белград. После, како што пишуваа медиумите, "скандалозниот концерт" и дебаклот на самиот почеток на европската турнеја, Ејми ги откажа концертите во Истанбул и Атина.

Коментари

Популарно