ВИДЕО + ФОТО: Островот на оргиите се враќа

Контроверзниот 4 дневен секс фестивал кој нуди неограничена количина на дрога, алкохол и оргии со проститутки се враќа оваа година, откако минатата година предизвика бес кај граѓаните во Колумбија и беше откажан поради притисок од властите.

Оваа година островот на сексот ветува две Латиноамериканки за еден маж, секс шоу во живо, забави на луксузни јахти и разни изненадувања, по цена од 5.700 евра. 

Овој фестивал се одржува на приватен остров на Карибите каде дрогата е легална, а на мажите им се овозможува неограничен секс, разменување на партнерки и исполнување на сите сексуални фантазии додека се забавуваат како милионери, тврдат организаторите.


Минатогодишниот фестивал предизвика бес, а многумина го нарекоа одвратен и морничав, повикувајќи ги властите да истражуваат што се случува на тој остров. Организаторите тврдат дека забавата ја префрлиле на друга локација поради безбедносни причини, а не поради јавноста.

Подоцна ги објавиле програмите за Новогодишната верзија на фестивалот, а оваа година се враќаат и со нова веб страна и Јутјуб канал полн од видеа со секс содржина.

Тие ги отфрлија обвиненијата за трговија со луѓе, тврдејќи дека оваа забава е легална во неименуваната земја, а сите жени учествуваат по своја волја и се постари од 18 години. Но, хештеговите на социјалните мрежи откриваат дека станува збор за Колумбија и Карибите.

На страната пишува дека околу 60 жени ќе се потрудат да ги задоволат мажите кои ќе се чувствуваат како кралеви. Се додава дека жените се тестирани и немаат сексуално преносливи болести. Фестивалот треба да се одржи од 14 до 17 декември.

"Гостите не влегуваат во Колумбија, туку директно доаѓаат на Карибите, па колумбијската полиција и власти немаат никаква врска со ова. Не можеме да откриеме во која земја се наоѓаат девојките, но сè што можеме да кажеме е дека тие се добро платени и на ниту еден начин не се присилени да го прават ова. Продадовме 23 влезници, а нашите клиенти доаѓаат од целиот свет. Сите ја платија истата цена која вклучува неограничен секс, храна и така натаму", велат организаторите.

Коментари

Популарно