Градоначалникот на Кавадарци се закани

Актуелниот Градоначалник на Кавадарци-Митко Јанчев пред да влезе во белиот дворец каде се гласаше на ИК и ЦК за тоа дали партијата ќе оди на избори или ќе гласа за амандманите во собрание даде интересна изјава.

„Кој можемене да ме исклучи од ВМРО ДПМНЕ, па тоа е мојот втор дом, баш сакам да го видам тој што мене ќе ме исклучи од мојата партија, тоа е како некој да ви дојде дома и да ве измава од вашата куќа“, изјави Јанчев.

Инаку градоначалникот на Општина Кавадарци и успешен бизнисмен веќе извесен период делува надвор од насоките на својата партија. Пример за тоа е и референдумот пред кој јасно и гласно порача дека ќе излезе на истиот и ќе гласа За.

Коментари

Популарно