Вера Мештеровиќ раскажува за авантурите во Индија

„Во Индија протестираа дека требаше да се појавиме во костими за капење“, раскажува некогашната Мис на Макеоднија и една од најубавите жени во нашата земја, Вера Мештеровиќ за Чекинг, Точка.

Сите ние имаме патувања, на кои колку време и да помине сакаме да се навраќаме и да раскажуваме, да ги оживуваме спомените, затоа што ги сметаме за незаборавни. А Индија, сама по себе е повеќе од патување, филозофија на животот. Овојпат, со Мештеровиќ патувате токму таму.

Професионално беше во Индија или во сопствена режија?

- Ја посетив Индија по повод моето учество на Мис на светот во 1996 година.

Како се вика онаа традиционална нивна облека?

-Тоа е една колоритна земја. Многу разнолика. Многубројна со жители. Се уште многу од нив ја почитуваат традицијата и се облечени во нивната облека САРИ, барем кога станува збор за жените и носат точки на челото. Имаат и модифицирана облека, но пак наликува на традиционалната, а има и од оние кои се облекуваат како во западните земји.

Имаат ли ритуал за пречек на гости?

- Кога одите во Индија ве пречекуваат топло со Namaste зборот. Ви ставаат венец од цвеќе околу врат и црвена точка на челото.

Успеа ли да видиш нешто од туристичките атракции со оглед обврските таму?

- Го посетив Bangalire, New Delhi и Сејшелските острови кои не се опишуваат со зборови треба да се доживее. Рај. Нивните храмови кои се уникатни.

Конзервативни се, иако е неблагодарно да се генерализира?

- Индија има своја религија, култура, начин на однесување и патријархален однос. Многу е значајно семејството и цврсто се негуваат врските. Има и раскош и сиромаштија. Големи класни разлики. Не се мешаат . Едни зборуваат англиски , бидејќи биле англиска колонија, други живеат во касти. Барем јас кога бев сега незнам .

Како реагираа кога требаше како манекенки да се соблечете по костим за капење?

- Имаше феминистки кои протестираа да не излегуваме по костими.

Вкусна е храната за наши критериуми, иако е дискутабилно?

- Храната која ја јадат изобилува со зачини и специфичен вкус, различен начин на подготовка. Најмногу ми се допадна пилешко во кари со зеленчук и пржено тесто полнето со зеленчук и благо. Нивно свето животно е крават и не јадат говедско ја слават.

Како се снајде во нивниот сообраќај?

- Во собраќајот нема посебни правила, можеш да возиш во кој правец сакаш, но тие одлично се снаоѓаат. Јас не возев , па не ми сметаше. Имаат специфични такси, како кочија со мотор.

Како се снаоѓаат слоновите во сообраќајот?

- Слонови гледав секој ден. Тие се дел од сообраќајот. Чекаат на семафор и тоа ми беше најинтересната глетка.

Што понесе како сувенир?

- Најразлични специфични сувенири и САРИ секако.

Човечки совет ако некој посака да ја посети Индија после интервјуто?

-Треба да се примат вакцини за маларија.

Коментари

Популарно