За мамографија или за ехо се чека со месеци

Малигно заболените треба да имаат предност за преглед и лекување. Жени што биле оперирани од канцер на дојка забележуваат дека за термин за мамографија чекаат по три или четири месеци, а има и случаи кои дури една година чекале за ехо. Од Здружението „Борка - за секој нов ден“ бараат од институциите нови иновативни лекови што даваат можност да им се продолжи животот на пациентките со метастатски карцином и да бидат ставени на позитивна листа на лекови. Неопходен е национален регистар на пациенти со канцер и имплементација на Националната стратегија за контрола на ракот во Македонија. За да се најде решение за проблемите, од Здружението разговарале со Министерството за здравство.

Зорица Аџиевска вели дека двапати досега била оперирана од канцер на дојка. Првпат 1997 година, а вторпат пред три години. Сега треба да оди на преглед, ама вели дека три месеци чека термин за мамографија.

„Треба на седми идниот месец да одам на контрола на Онкологија, меѓутоа три месеци чекам термин за мамографија, тоа е проблем на повеќето жени. Институциите мора да направат поинаков систем“, укажа Аџиевска.

Од канцер на дојка пред 10 години била оперирана и Снежана Стојаноска. Таа вели дека лани не успеала да закаже термин ни за мамографија ни за ехо, не отишла ни на контрола.

„Сега се соочувам со истиот проблем, лани не успеав да закажам термин за мамографија и за ехо. Не отидов ни на контрола. По читање многу книги, го пребродив тој страв, сепак, морам да одам на преглед. Трипати сум оперирана, ама една година не можеш да закажеш термин, па на крај се откажуваш. Сега имам направено мамографија, а ехо не можам да закажам“, вели Стојаноска.

Повеќе на Независен

Коментари

Популарно