Саудијците брутално одговориле на заканите на Трамп

Саудиска Арабија денес предупредила дека ќе одговори на сите закани и евентуални мерки, по изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека жестоко ќе го казни Ријад ако се воспостави дека е негова одговорноста за исчезнувањето на саудискиот новинар Јамал Кашоги.

Соопштението кое го објавила државната новинска агенција на Саудиска Арабија уследило откако на берзата во таа земја денес бил забележан пад од седум проценти. 

"Саудиска Арабија ги отфрла сите закани и обиди за поткопување, било какви економски санкции и политички притисок, или повторување на лажни обвиненија".

Ако против Саудиска Арабија бидат преземени било какви мерки, таа ќе одговори посилно, се наведува во соопштението. Во соопштението не се наведува директно исчезнувањето на Кашоги, за кој турските службеници веруваат дека е убиен и исечкан на парчиња кога на 2. октомври дошол во саудискиот конзулат во Истанбул, по документи кои му се потребни за женење. Саудиските службеници ги отфрлиле тие обвиненија како неосновани, но не изнеле ниеден доказ дека Кашоги го напуштил конзулатот. 

Трамп рекол дека Ријад ќе биде "тешко казнет" ако се открие негова одговорност во исчезнувањето на Кашоги, колумнист на "The Washington Post".

"Ќе го истражиме тој случај детално и ќе има жестоки казни. Во овој момент ие негираат и негираат одлучно. Дали би можеле да бидат виновни? Да.", рекол Трамп во интервју за CBS, кое било емитувано денес.

59-годишниот Кашоги од минатата година живеел во САД, каде побегнал од страв да не биде уапсен, а за "Washington Post" пишувал за Саудиска Арабија. Ја критикувал нејзината воена интервенција во Јемен, неодамнешниот дипломатски спор со Канада и апсењето на активисти за правата на жените.

Коментари

Популарно