Зошто се оставаат пари во црква

Одењето во црква за секој од нас има смисла само доколку ги испочитуваме правилата кои го чистат срцето и душата и ни помагаат да воспоставиме мир и рамнотежа.

Во спротивно, правиме грев.

Исто така, како ни кај пријатели што не одите со празни раце, така ниту во црква не се влегува без ништо. Свеќи, пари, чаша вино, што и да имате. Низ тој дар се принесува „жртва“ на Бог и така човекот го благословува она што го поседува.

Во црква е најдобро да се отиде во рана зора, а да се замине кога ќе заврши боголсужбата. Бидејќи, ако заминете пред да заврши литургијата го правите она што и Јуда кога излегол од Тајната вечера.

Кога завршува литургијата сите заминуваат дома и не треба да се запира ниту да се врти назад се до својата врата.

Коментари

Популарно