Сончев и топол есенски ден

Денеска е вторник, 16 октомври 2018 година, 289-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 76 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути.

Денов трае 11 часа и 8 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 13 часот и 42 минути, а ќе зајде во 23 часот и 20 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од североисточен правец.  Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Од четврток ќе има повремено зголемување на облачноста.

Коментари

Популарно