ФОТО: Драстична трансформација на глумицата за филмот "Destroyer"

Австралиската ѕвезда Никол Кидман драстично го промени изгледот за потребите на снимањето на новата драма "Destroyer" во која глуми уморна и истрошена детективка со болна историја.

Добитничката на Оскар ја замени својата руса коса со кратка боб фризура за улогата на Ерин Бел, детективката која минатото ја прогонува со години после инфилтрирањето во криминална банда во склоп на една тајна операција. 

"Сосема се поставив во позицијата на ликот кој го толкувам. Ја почувствував таа тага и болка на Ерин Бел. Сметам дека во овој лик има повеќе бес отколку во било кој друг женски карактер кој го гледав на екран", неодамна изјави Никол Кидман.

Важно е да се истакне дека драстичните промени не се новост за Никол Кидман. Таа за улогата на феминистката Вирџинија Вулф во филмот "The Hours" исто така значително го променила изгледот, а за наведениот филм добила и Оскар.

Критичарите го пофалија нејзиниот перформанс во драмата "Destroyer" и го опишаа нејзниот изглед како речиси непрепознатлив, пренесува Ројтерс.

Коментари

Популарно