По пензионирањето на Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ, соседна Србија остана без ниту една тениска ѕвезда на ВТА-турот, но не и на социјалните мрежи.
Во последниот период младата Тамара Чуровиќ крeна многу прашина во тениската јавност, но не поради нејзините резултати, туку заради убавината и резголените фотографии на социјалните мрежи.
23-годишната Чуровиќ е 728. на ВТА листата и не може да се пофали со некои поголеми успеси во тенискиот свет, но провокативните фотографии на Инстаграм ја прават една од најследените тенисерки во овој момент.