ФОТО: Бела Хадид и Д Викенд повеќе не кријат колку се заљубени

Парот во изминатите неколку месеци, своето обновување на врската го држел подалеку од очите на јавноста, но сè се променило на нејзиниот роденден.

Со месеци се зборуваше дека се смириле, а сè започнало кога на филмскиот фестивал во Кан се фотографирани како се бакнуваат, но двајцата одбивале да зборуваат за својата врска во јавноста, сè до пред неколку дена.

Тогаш Д Викенд на Инстаграм ѝ го честитал на Бела 22-от роденден со низа романтични заеднички фотографии, а потоа и славеничката објавила галерија со фотографии од прославата на роденденот, на која тие се прегрнуваат и бакнуваат.

„Никогаш не сум почувствувала толкава љубов и среќа, како на прославата на својот 22-ри роденден. Ова ми беше најдобриот ден во животот. Не можам да верувам дека сум толку среќна“, напишала Бела под фотографијата и му се заблагодарила на своето семејство, на пријателите и на своето момче за роденденските изненадувања.

Затоа и фотографијата на која таа и Д Викенд заљубено гледаат еден во друг, ја објавила со краток опис „дом“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Home

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Изгледа дека нивното време конечно дојде и дека после раскинувањето на двегодишната врска, во декември, 2016-та година и неговата врска со Селена Гомез, Бела и Д Викенд сфатиле дека не можат да живеат еден без друг. 

Коментари

Популарно