Голем успех на џудистите од Струга на турнирот во БиХ

Во период од 12 до 14. 10.2018 г .Џудо Клуб Дрим од Струга  учествуваше на нов меѓународен турнир кој го носи името ,,BORSA OPEN EUROPEAN TOP JUDO TOURNAMENT” во Мостар,Босна и Херцеговина. На овој масовен настан учествуваа 31 земја со над 140 клубови и преку 1000 натпреварувачи.

Македонскиот Џудо Клуб Дрим од Струга зеде учество со 5 натпреварувачи. Со медал и тоа златен се закити Христијан Глигороски во категорија +66 килограми. Во одлично светло се покажаа и останатите, односно, Марио Нелоски, Александар Шулески, Андреј Чакароски и Анамарија Стојмиловска кои за жал не успееја да се закитат со еден од медалите иако имаа квалитетни борби.

Коментари

Популарно