Албанска зоолошка градина – најстрашна во Европа

Албанските власти реагираа откако британските медиуми објавија серија хорор фотографии од зоолошката градина во Фиер, на југозападот на земјата.

Шокантни фотографии на кои се гледаат болни и изгладнети животни ја шокираа јавноста. На нив се гледа прегладнет лав со инфекција на очите во живеалиште под сите стандарди.

Британските медиуми објавија серија фотографии и од другите запоставени животни во приватната зоолошка ,,Сафари- парк” во Фиер.

Денеска министерот за туризам и заштита на живтоната средина на Албанија, Бленди Клоси наредил спасување на животните и нивно преместување во побезбедни услови.

,, Реагирам на вестите објавени во Дејли Меил , како и на десетиците пораки за неприфатливата ссотојба во која живеат животните во приватната зоолошка градина во Фиер. Наредив итна акција за спасување од страна на инспекторатот, кои заедно со полицијата и организацијатаз а заштита на животните, ќе ги преместат и заштитат овие животни.” , изјави министерот.

Откако Дејли Меил ги објави шокантните фотографии на кои се гледаат животни , кои престојуваат во бетонски нечисти кафези и одат по својот измет , овие фотографии се раширија и во другите медиуми , како и преку социјалните мрежи . Не е познато дали и каква казна ќе добие сопственикот на зоолошката градина.

Коментари

Популарно