ФОТО(18+): Карлеуша во „предна танга“ прати нова разгледница од Малдиви

Јелена Карлеуша се’ уште ужива во магијата на Малдивите. Егзотичните острови како да и будат инспирација за нова еротска имагинација на српската поп-фолк дива, па русокосата секојдневно постира се поразголени и попровокативни фотографии.

Секако дека Карлеуша има и што да покаже и со што да се пофали кога се телесните атрибути во прашање, а нејзината сексапилност ги доведува обожавателите до ниво на лудило! Нејзината најнова еротска пасторала дури и ги минува границите на еротиката, зашто „слатката мала“ по малку навлезе и во водите на приказните за возрасни.

Бујните гради и огромната задница прекриени само со едно тенко крпче и некако ќе минат во „границите на пристојноста“, ама нејзината „предна танга“ на дводелното леопард или црно бикини како да ја минува границата на пристојноста, иако кај следбениците на социјалните мрежи ја покачи дозата на адреналинот  до максимум!

„Девојката од островот“ напишала Карлеуша во најновиот поздрав од Малдиви, каде на последната фоторазгледница е потпрена на палмата, а под палмата секси панорама.

Коментари

Популарно