Луи Си Кеј: "За еден час изгубив 35 милиони долари"

Еден од најпознатите комичари на денешницата Луи Си Кеј е обвинет од страна на пет жени за сексуално насилство. Сите пет жени тврдат дека Луи мастурбирал или се обидел да мастурбира пред нив. Сега славниот комичар одлучи да се пошегува за тоа.

Во станд ап шоуто во West Side Comedy Club, Луи рекол дека откако бил обвинет изгубил 35 милиони долари во само еден час.  

"Рече дека бил во пеколот и назад", се потсети лицето кое беше во публиката.

"Беше искрен и се рефлектираше на чудната година која ја имал", додала водителката Амари Кастило.

"Се обиде да се пошегува со некој нов и мрачен материјал".

51 годишниот комичар и глумец признал дека се самозадоволувал пред неколку жени без нивна согласност. Минатата недела изведе неколку стенд ап настапи во Comedy Cellar и West Side Comedy Club.

"Добро е да се биде овде иако некои од вас можеби не ме сакаат", рекол отворено пред шоуто.

"Изгледа дека се обидува да сфати што точно направил", рекла Кастило.

Во еден момент за време на сетот, Луи се пошегувал дека бил во пеколот со Адолф Хитлер.

"Беше со многу поголема самодоверба", вели извор.

Коментари

Популарно