ФОТО: Телохранителот на Џенифер Лопез за малку ќе го прегазел папарацо фотографот

Џенифер Лопез и Алекс Родригез, еден од најпопуларните светски парови, папараците го следат секој нивен чекор, а нивниот телохранител за малку ќе го прегазел фотографот кој само си ја работеше својата работа.

Имено, парот одел на вечера во познат ресторан во западен Холивуд, кога еден папарацо фотограф се обиде да ја фотографира Џеј Ло со вереникот додека биле во џипот. 

Телохранителот на популарната пејачка, кој управуваше со возилото, само што не го прегазил, а оваа сцена ја пренесоа неговите колеги. На сето тоа му претходеше расправија, а потоа се случи овој немил настан.

Човекот падна на земја, а неговата нога беше покрај гумата на возилото. Она што беше шокантно е дека телохранителот, а ниту Џенифер и Алекс не излегле од возилото да погледнат дали папарацо фотографот е повреден.

За среќа, фотографот не се здобил со посериозни повреди, но претрпел страв. Панталоните му се уништени и на нив се гледаат траги од гумата.

Коментари

Популарно