Уште денеска сонце, од утре дожд и СНЕГ!

Денеска е петок, 19 октомври 2018 година, 292-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 73 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 17 часот и 48 минути.

Денов трае 10 часа и 59 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 15 часот и 35 минути, а ќе зајде во 1 часот и 12 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Од сабота следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните темпратури позначително ќе опаднат.

Коментари

Популарно