Јосип: Три години немав покачување, а Германците веднаш ми дадоа 2.500 евра

Јосип Хорват од Ивановац три години во својата земја не можел да добие покачување од 400 куни, односно коефициент кој му следува за работното место, кое било специфично, а во Германија веднаш добил 2500 евра плата.

Но, објаснува дека на Германците им било потребно помалку од еден час време за да сфатат колку вреди неговото искуство, сертификати и знаење, пишуваат хрватските медиуми.

Се пријавил за работно место заварувач во Германија, по што му понудиле 12 евра по работен час, но откако кажал дека знае германски јазик, сумата скокнала на 18 евра.

Но, тука не завршило, откако раскажал колкаво работно искуство има, крајната сума била 20 евра.

По три месеци за работен час почнале да му исплаќаат по 24 евра, а му понудиле и од 200 до 400 евра помош за плаќање на стан.

Хорват вели дека работата е физички тешка, но се работи со нормално темпо, без брзање и притисок.

Тој работи во голема фирма, која извезува во Америка и има 300 вработени.

„Овде се смета за штета ако фирмата не искористи нечие знаење и вештина“ – вели тој.

За секој бравар, монтер или заварувач кој ќе го однесе од Хрватска во Германија, газдата му нуди од 200 до 300 евра.

Коментари

Популарно