ЗОШТО ДА СЕ ИЗУЧУВА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК?

На 19.10.2018, од 11 часот, љубителите и изучувачите на италијанскиот јазик имаа можност да бидат дел од настанот одржан во рамките на Неделата на италијанскиот јазик организиран од Арс студио во соработка со Здружението на професори по италијански јазик, Италијанската амбасада во Република Македонија,Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и GuerraEdizioni.

Во рамките на настанот, присутните посведочија кои можат да бидат придобивките од изучувањето и познавањето на италијанскиот јазик.

„Италијанскиот јазик сè уште звучи како во времето на Данте, но сепак отсликува еден нов свет изграден врз темелите на една исклучително богата култура. Како што вели Андреа Рикарди: ‘Италијанскиот јазик треба да се предава како јазик на кој луѓето гледаат со симпатија а не со носталгија,’“ изјави професор Ана Комоди од Универзитетот за странци во Перуџа.

На настанот пристуствуваа италијанскиот амбасадор во Републука Македонија Н.Е. Карло Ромео, конзуларниот кореспондент на Италијанската амбасада Стојан Витанов,  претставници од Министерството за образование и наука, и други претставници на академски установи.

Како дел од настанот, беше одржан и меѓународен семинар за обука на професори по италијански јазик, и присутните добија насоки за користење на учебниците по италијански јазик Ragazzi in rete во издание на Guerra Edizioni во соработка со Арс студио.

Коментари

Популарно