Британците веќе се обложуваат за името на детето на принцот Хари и Меган Маркл

На официјалниот профил на британското кралско семејство, објавена е среќната вест: „принцот Хари и Меган Маркл ќе станат родители“.

Оваа вест со брзина на светлината го обиколи светот, а Британците веќе вложиле пари во обложувалниците на некои од имињата кои бебето би можело да ги добие...

Некои од потенцијалните имиња се: Алиса, Артур, Филип, Викторија и Дајана, пренесува „Cosmopolitan“.

Војвотката од Сасекс би требало да се породи напролет, а на денот на објавувањето на среќните вести, била во 12-тата недела од бременоста. Обложувањето за името на детето е стара англиска традиција, па Британците веќе вложиле доста пари на некои од можните имиња.

Детето на Меган и Хари, веројатно нема да ја носи титулата на принц или принцеза, поради правилата од 1917-та година.

Имено, според правилото на принцот Џорџ Четврти, бројот на членовите од семејството кои можат да ја носат титулата на принц или принцеза е ограничен. Детето на принцот Хари е предалеку во семејното дрво, за да добие ваква титула, меѓутоа, кралицата Елизабета би можела тоа да го промени, но сè уште ништо не е сигурно. 

Коментари

Популарно