Елен Диџенерис: "Кога признав дека сум лезбејка поставија бомба во моето студио, но не жалам за ништо"

Елен Диџенерис денес е една од најпознатата комичарка и телевизиска водителка, но помина низ тежок период. Таа е една од првите телевизиски личности во 1997 година, која призна дека е лезбејка, прво во својот ситком, а потоа во магазинот Time во големото интервју.

Денес, вели тоа време било тешко за неа, бидејќи примала секојдневни смртни закани и се соочувала со неверојатна омраза. 

"Ми се закануваа со бомба која беше во нашето студио. За среќа, не го дознаа точното време на снимањето на емисијата и се помина во најдобар ред, никој не беше повреден", рекла Елен. Исто така, нејзината серија беше откажана, бидејќи спонзорите не сакале повеќе да соработуваат со неа, но ништо од тоа не ја натера да се пожали поради својата одлука да излезе од зад завесите на тој начин и во тоа време.

"Тоа е најтешката работа која ја направив во својот живот, но сето тоа ме доведе до местото на кое сум денес", заклучува.

Денес таа е во среќен брак со глумицата Порша Де Роси, со која во 2008 година се венчала, а претходно беа во врска 4 години. Тие се венчале веднаш откако на сила стапи законот за хомосексуални бракови во Калифорнија.

Коментари

Популарно