Базиликата Саграда Фамилија 136 години се градела без дозвола

Познатата базилика Саграда Фамилија во Барселона конечно ќе добие градежна дозвола после 136 години. Имено, договорено е установата да ѝ плати на државата 36 милиони евра поради тоа што градежните работи се направени без дозвола повеќе од 130 години.

Познатата зграда е дело на славниот архитект Антонио Гауди, а градбата започна без никаква дозвола, ниту од општината ниту од државата. 

Базиликата не е запишана ниту во регистарот за имот, а од 1995 година е прогласена како празна парцела која ѝ припаѓа на епархијата на Барселона, пишува шпанскиот магазин Ел Паис.

Во 2015 година, градежниот одбор и градоначалникот на Барселона започнаа преговори за регулирањето за плаќањето и дозволата.

Во наредната деценија со парите од базиликата ќе го финансираат градскиот превоз и пристапот до споменикот, а ќе бидат наменети и за помош на локалното население.

Ова ремек дело е од исклучително значење како за домашното население, така и за туристите. Годишно Саграда Фамилија привлекува околу 20 милиони посетители, пренесува Гардијан.

Коментари

Популарно