Кои се следните чекори во процесот за уставни измени?

Со 80 гласа „за“, синоќа во Собранието на РМ беше донесена одлуката за уставни измени, предвидени со договорот кој со Грција беше потпишан во Преспа.

Вчерашното гласање беше само почетна фаза, а следуваат уште неколку за овој процес да се комплетира.

После ова, Владата ќе интервенира со четири амандмани во македонскиот устав, ќе ги подготви, а потоа истите треба да минат на претрес во две комсии во Собранието, додека расправата за нив може да трае по три ден.

По утврдувањето нацрт на секој од амандманите, се отвора јавна дискусија, во кој пратениците можат да поднесат амандмани на амандманите.

И за нив следува претрес во две комсии, по што Собранието се изјаснува поединечно за секој амандман на уставните амандмани.

Премиерот Заев на вчерашната прес-конференција кажа дека очекува што поголем број пратеници да се приклучат кон следната фаза.

„Ние гласавме за потребата од уставни промени, допрва ќе се гласа за нацрт амандманите, ќе се гласа со двотретинско мнозинство за амандманите“, истакна Заев.

Заев посочи дека постои иницијатива од пратениците во четирите амаднмани, да се зајакне нашиот јазик и идентитет, и поради тоа Владата е подготвена да соработува со Парламентот за да ја обезбеди поддршката.

Следува рок од 15 дена за доставување на амандманите, но според Заев колку порано се заврши, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.

Коментари

Популарно