ФОТО: Лила се „заплетка“ со манекен од Англија

Познатата водителка Лила Филиповска за малку ќе паднеше додека снимаше фотосесија со британскиот модел Пол Коли. За снимањето беше облечена во црн корсет од тантела и долга жолта наметка, па додека одеше ја нагази наметката, а Пол ѝ помогна да остане на нозе. Лила на својот инстаграм-профил објави кусо видео од фотосесијата и напиша „Се заплеткав“.

„Толку совршен ден, мило ми е што го поминав со тебе. Фотосесија со мојот нов пријател, британскиот модел Пол Коли“, напиша Лила.

Иако не откри многу, таа кажа дека е дел од нов, меѓународен проект. Ова не е првпат Лила да снима реклама или фотосесија. Таа е и една од најпопуларните инфлуенсери кај нас, а преку „Инстаграм“ често рекламира секакви производи, од козметика, преку храна, до патувања. Водителката неодамна се врати од Дубаи, а веднаш потоа го прослави својот 47-роденден.

Коментари

Популарно