ВИДЕО: Лепа Брена на 58 години направи стој на раце

На фолк-ѕвездата Лепа Брена на 58 години не ѝ е тешо да направи „стој на раце“. Таа на „Инстаграм“ објави видео на кое стои на раце, со мала помош. „Па ова не можат да го направат мнјогу помлади жени од тебе“, „Честитки за виталноста“, „Браво Брено, ти си цар“, ѝ напишаа обожвателите.

Брена изминатите месеци секојдневно вежба со личен тренер. Пејачката се подготвува физички за двата големи концерти во Белград што ќе ги одржи вечерва и утре (20 и 21 октомври) во „Штарк арена“. На концертот таа ќе ги пее најголемите хитови, но и ќе го промовира новиот албум.

Пејачката ќе одржи и турнеја во повеќе градови во регионот, а веќе е закажан и концерт во Скопје, на 15 декември, во арената „Борис Трајковски“. Концертот во Скопје е во организација на „Прагма продукција“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Коментари

Популарно