Македонска работа: Ограбиле пошта, па направиле нешто неверојатно глупаво

Тројца Македонци ограбиле пошта во Водерад во Словачка, а она што го направиле е толклу глупаво, што не е ни чудно што едниот од нив веднаш бил фатен.

Двеаесет и осум годишниот Славчо, 24-годишниот Кристијан, и 42-годишниот Горан ограбиле пошта, а потоа се фотографирале со украдените пари и истите фотографии ги споделиле на друштвените мрежи.

Словачката полиција успеала да го фати Славчо, додек за останатите разбојници се уште се трага, а по пат на Фејсбук апелирано е до граѓаните за било каква помош при пронаоѓањето на лицата. Фотографиите кои полицијата ги објавила на својата службена Фејсбук страница се оние кои и самите разбојници ги објавиле позирајќи со пленот.

Грабежот го извршиле Славчо и Кристијан кои се заканувале на поштарите со огнено оружје и ги испрскале со спреј по очите, додека Горан чекал во возилото.

Во бегството пред полицијата, двајцата разбојници успеале да излезат од возилото, а возачот избегал со автомобилот.

Славчо е уапсен следниот ден, додека по останатите двајца уште се трага. Ако се утврди дека се винопвни им се закануваат 12 години затвор.

Коментари

Популарно