Девојче на кое итно му е потребна трансплантација на коскена срж

Граѓани, фирми, разни здруженија и организации, спортски клубови – сплотени да одвојат колку што можат, со надеж дека ќе се соберат потребните 200 илјади евра и ќе ја пратат Сара на лекување во Германија. И најмасовната спортска манифестација во градот „Охрид ТрчаТ“ е дел од оваа хумана акција – организаторите ќе делат стартни пакети за сите што ќе донираат средства.

15-годишната Сара боледува од ANEMIA APLASTICA. Дијагнозата ја добила на 15-ти август годинава. Потребна е итна трансплатација на коскена срж. Нејзиниот брат, 13-годишниот Виктор, е единствениот сроден донор за коскена срцевина. Спасот го има една од високо специјализираните детски клиники во Германија која нуди висока успешност со низок ризик, но семејството не може да ги сноси високите трошоци за лекување.

Отворени се трансакциони сметски за донирање, разни профили на социјалните мрежи, како и телефонски линии за собирање средства. Сите кои сакаат да донираат за малата Сара тоа може да го направат на следните телефонски броеви.

143 102 за корисниците на Т-Мобиле

и

143 480 за корисниците на ВИП

Коментари

Популарно