ВИДЕО: Порно актерката откри колку му е голем на Трамп

Откако нејзината наводна афера со претседателот Доналд Трамп се појави во медиумите, порно актерката Сторми Даниелс одлучи да ја искористи приликата и да заработи малку пари и слава.

Таа во својата книга изнела бројни шокантни и бизарни детали за Трамп, а се' започна со описот на нивната наводна афера. Британскиот "Independent" издвоил неколку најшокантни делови од книгата во кои Сторми многу детално го опишува голиот Трамп, неговиот полов орган и сексуалните преференции. 

Иако опишала многу работи до најситни детали, Даниелс всушнот не открила како се запознала со американскиот претседател. Таа раскажала дека тој се соблекол и чекал таа да се согласи, а сексот со него го опишала како "вонтелесно искуство".

Сторми открила дека Трамп е свесен за неговата лоша фризура, но и дека одбива да ја промени бидејќи тоа е неговиот заштитен знак.

"Сите зборуваат за неа. Тоа е нешто мое, мој заштитен знак. Освен тоа, доколку дозволам една личност да ме ишиша, тоа би разлутило многумина. Многу би убиле за тоа да ме ишишаат. Најдобрите. Најдобрите од најдобрите", ѝ се доверил Доналд на порно актерката.

Даниелс тврди дека Трамп, во обид да ја импресионира, ѝ ја покажал неговата фотографија на насловната страница на едно списание, а таа по тоа заклучила дека тој "е несигурен и мора да се фали".

"Му кажав дека некој треба да го исплеска по задникот со тоа списание, на кое ми одговори: Дали би го направила тоа?", опишува Сторми.

Во книгата, порно актерката открила и дека Трамп ја споредувал со неговата ќерка Иванка.

"Не звучеше како перверзник. Ми кажа дека го потсетувам на неговата ќерка бидејќи сум убава и паметна токму како што е таа. Удирањето по задникот немаше сексуална природа, стануваше збор за игра на моќ. Тој беше лут, а јас шокирана и никој не сакаше прв да се откаже".

Во книгата Сторми зборува и за себе, но вели дека е свесна зошто луѓето ја купуваат книгата.

"Мојот живот е многу поинтересен од сексот со Доналд Трамп, но го разбирам интересот. Сепак, од сите луѓе со кои сум имала секс, зошто светот не можеше да се заинтересира за некој позгоден?", се запрашала таа и додала дека тоа веројатно бил најлошиот секс во нејзиниот живот.

„Лежев таму лута затоа што имав секс со човек влакнест како Јети и пенис како печурка од Супер Марио. Тоа беше најмалку импресивниот секс во мојот живот, но, сосема јасно, тој не мислеше така“, напиша порно актерката во својата книга.

Коментари

Популарно