Режисерот Јани Бојаџи: Борбата е тешка ама ќе победиме

Режисерот Јани Бојаџи кој е потписник на писмото на 40 македонски и светски интелектуалци против Преспанскиот договор, порачува дека на крајот сепак ќе победи правдата.

Според Бојаџи тоа што во јавноста нема бурни реакции не значи дека граѓаните немаат ништо против одлуката на Собранието за промена на уставот.

“Да не ве лаже тишината! Фашизмот е демонска сила која секогаш се излива на улица, жестоко удара на се што ќе и застане на патот и на крајот се задушува во руините што самиот ги создава. Синоќа ви кажаа дека нема да толерираат непријатни прашања и мислења различни од нивните! Така било од Нирнберг 1934 па се до Скопје 1943 година! И тогаш цела ,,слободна,, Европа ги подржувала и ги советувала Чесите да го прифатат тоа што е оти немало друга алтернатива! Така е и сега!

СУЛТАНА вели во Ругање со Христос: Борбата е тешка, ама ќе победиме. Смрт на фашизмот – Слобода на народот”, порачува Бојаџи кој поради својот филм Ругање на Христос беше шиканиран од владата!

Коментари

Популарно