Антонио Милошоски: Наредил да им ги отсечат главите, а златото со кое ги поткупил да им го стават во гробовите

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој важи за еден од пратениците кои јавно повикуваа на бојкот на референдумот за промена на уставното име со цел влез во ЕУ и НАТО, денеска напиша интересен статус.

Еве што напиша Милошоски:

ПОУЧНА ПРИКАЗНА, кога османлиите сакале да го освојат Цариград, а не можеле никако!

Султанот Мехмед II со многу злато ги поткупил трговците од Цариград, да му кажат од каде да нападнат, за да го освојат.

Ги поткупил со голема количина злато, а тие му го кажале послабо обезбедениот дел од градот каде е полесно да нападнат.

Кога Османлиите го освоиле Цариград, Султанот ги собрал оние кои ги поткупил со златници и наредил да им ги отсечат главите, а златото со кое ги поткупил да им го стават во гробовите. На тоа се зачудиле османлиските генерали и прашале: ,,Султане, тие ни помогнаа да го освоиме Цариград, зошто им ги сечеш главите?”

Султанот на тоа одговорил: ,,кога тие денес СВОЈОТ НАРОД го продадоа за пари, замислете што може утре нам да ни направат”!?

Коментари

Популарно