Франција на нозе се бара причина зошто се раѓаат деца без рачиња

Владата во Франција одлучи да отвори нова истрага за децата родени без раце во неколку региони, изјави денеска министерката за здравство, Агнес Бузин, додавајќи дека е неприфатливо овие случаи да останат нерасветлени.

Одлучивме повторно  да  отвориме истрага во која ќе учествуваат лекарите и стручни лица за животна средина", рече министерката. "Не можеме да бидеме задоволни со фактот дека не ги пронајдовме причините, тоа е неподносливо", рече Бузин. Во Ен се родени седум деца без раце од 2009 до 2014 година, во Атрантска Лора три во 2007 и 2008 година, а во провинцијата Бретања четири деца од 2011 до 2013 годин Овие случаи се  забележани во релативно потесна област и побудија загриженост во овие области. Првата истрага  ја спроведе санитарната агенција на Јавно здравје Франција. Во почетокот на октомври беше заклучено дека случаите во Ен се статистички во национални граници. Меѓутоа, за аномалиите во другите два региона тие немаат објаснување. Министерката рече дека во Франција годишно "се раѓаат помеѓу 80 и 100 новороденчиња со малформации на екстремитетите". Причините можат да бидат генетски или резултат на изложеност на токсични супстанции (храна, животната средина или лекови, седативи и аналгетици што се препишувале на бремени жени, помеѓу 1957 и 1962 година, предизвикувајќи илјадници деца да се раѓаат без рака).

Коментари

Популарно