Пазете да не згазнете мравка кога сте во Србија: Казна 10.000 евра!!!

До три години затвор или десет илјади евра е казната со која е соочен секој во Србија ако згазне мравка или ако убие бубамара или глушец. Ова е предвидено со Законот за заштита на животната средина, односно со правилникот во кој е посочено кои животни се заштитени во земјата. Казниво е и одгледувањето мочуришни полжави, крастави жаби и медицински пијавици.

Со Закон за заштита на животната средина е забрането убивање мравки, бубамари и глувци, за што е предвидена казна од десет илјади евра или три години затвор. Во согласност со Законот, односно правилникот со кој одредени видови животни се заштитени во Србија, од почетокот на 2010 година е казниво убивањето, но и одгледувањето мочуришни полжави, крастави жаби и медицински пијавици.

Татјана Бабиќ, шефица на Одделението на инспекцијата за заштита на животната средина, на прашањето дали е казниво да се убие бубамара, глушец или мравка, кои „своеволно" влегле во нечиј дом, порача дека е потребно да се информираат Министерството за животна средина или Заводот за заштита на природата на Србија.

- Овие животни спаѓаат во строго заштитени диви видови врз основа на истражувањата на теренот, по кои се донесува процена за состојбата на популацијата на некој вид - вели Бабиќ.

Казната за фаќање, држење, убивање на заштитените диви видови животни, како и тргувањето со нив, за правните лица изнесува од пет до 10 илјади евра, а за физичките од 50 до 500 евра. Со законот е предвидена и казна затвор од три месеци до три години

Кога ќе згазиш мравка, ќе платиш 40.000 динари, а ако немаш пари, ќе лежиш во затвор 40 дена. Ако убиете или загрозите некои од строго заштитените животни, можете да платите до еден милион динари. Исто така се предвидени и затворски казни.

Убиството на бубамара "чини" 15.000 динари, 50.000 е за гулаб, и за убиство на кафеавата мечка се определува казна од еден милион динари.

Доста е долга листата на диви животни кои се заштитени – Волци, жаби, орли, чапји, штркови, пијавици, полжави, змии, мечки...

Со законот се забранува вознемирување, повреда и растурање фаќање на животните за време на размножување и подигнување млади, но и уништување на нивните јајца, ларви и млади.
Министерството за заштита на животната средина вели дека процесот на откривање кој го убил животното е сложен и бара соработка со обвинителството и полицијата.

- По приемот на известувањето за убиените животни, особено кога станува збор за поголем број на поединци, нашите инспекции го информираат обвинителството и полицијата, заедно со експерти од Институтот за заштита на природата на Србија одат на теренот.

И КРИВИЧЕН ЗАКОН ГИ ШТИТИ ЖИВОТНИТЕ

Кривичниот законик на Србија наведува дека "кога, со прекршување на прописите се убива, повредува, мачи или на друг начин се злоупотребува животно, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако дошло до убиство, тортура или повреда на голем број на животни или е направено во однос животните кои припаѓаат на посебно заштитени животински видови, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

КАЗНИ ВО ДИНАРИ (за да ги пресметате во денари - поделете со 2)

  • Мечка - 1.000.000
  • Белоглав суп - 500.000
  • Сури орел - 400.000
  • Волкот и рис - 300.000
  • Бел штрк - 200.000
  • Крт, лебед, гуска, шарка - 100.000
  • Гулаб - 50.000
  • Кукавица - 40.000
  • Еже - 28.000
  • Врабец, гавран - 25.000
  • Шумска желка - 15.900
  • Полско глувче, барска желка - 10.000
  • Скакулец - 9.000
  • Зрикавец - 8.200
  • Зелена жаба, градинарски полжав - 1.200

Коментари

Популарно