Вонредна временска прогноза

До крајот на денов и во текот на ноќта ќе се задржи претежно облачно и свежо време со слаби локални врнежи од дожд кој во теког на ноќта локално ќе бидат со умерен интензитет и тоа претежно во западните и во северните предели од државава. На високите планини ќе има услови за провејување на снег, информира метеорологот Славчо Попоски.

Потоа во текот на утрешниот ден (вторник) претежно претпладнето ќе има услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

Поради продор на уште постуден воздух во четврток и во петок на повеќе места ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина до околу 80 км/час па затоа поради ваквата ситуација на граѓаните ги предупредуваме каде и како се движат и да внимаваат каде ги ставаат своите возила, односно истите да не бидат во близина на дрвја во случај на силен ветер.

Исто така во текот на ноќта среда кон четврток претежно во северните и во североисточните предели од државава ќе има локални послаби врнежи од дожд додека на планините ќе има услови за провејување на снег.

Максималните температури утре (вторник) ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени додека во среда ќе бележат мал пораст и истите ќе се искачуваат од 16 до 23 степени, меѓутоа доцна попладнето и вечерта нагло и значително ќе опаднат па така во четврток наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 18 степени во најтоплите предели од државава.

Коментари

Популарно