Плачела два дена откако ја слушнала изјавата на сопругот за нивниот брак

Како што пренесуваат странските медиуми, дизајнерката Викторија Бекам плачела два дена откако нејзиниот сопруг Дејвид Бекам во неодамнешното интервју го карактеризирал нивниот брак како тежок.

Британскиот "The Sun" пишува дека Викторија била посрамотена и сосема скршена, бидејќи таткото на нејзините деца бил толку бесчувствителен.

Пријатели блиски до дизајнерката тврдат дека Викторија плачела откако го слушнала интервјуто на својот сопруг.

"Немала поим зошто Дејвид би рекол такви работи за нивниот брак и јавно ја понижил. Беше комплетно уништена и наредните два дена плачеше", додаде изворот.

Дејвид Бекам минатата недела во интервју за австралиска емисија раскажуваше детали за бракот со Викторија.

Целосното интервју на познатиот фудбалер Дејвид Бекам можете да го прочитате ТУКА.

Коментари

Популарно