ФОТО + ВИДЕО: Канје ја изненади сопругата со романтичен подарок за нејзиниот роденден

Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан синоќа го прослави својот 38 роденден. Нејзините бројни пријатели и семејство ѝ честитале по пат на Инстаграм и испраќајќи ѝ подароци, но сепак најмногу се истакна и потруди нејзиниот сопруг Канје Вест.

Канје кој е познат по својата екстраваганција во речиси сè, тоа го покажа и во купувањето подарок за својата сопруга. 

Неодамна ја почестил со милионски износ само поради тоа што одбила да соработува со еден бренд, а за роденденот се одлучи да биде романтичен.

Канје одлучил цела соба во нивната куќа да ја украси со цветни аранжмани, а тој дури и ја разбудил Ким свирејќи на пијано.

Канје својот труд го објави на Твитер и напиша: "Ким ти си прекрасна. Ќе се трудам да правам работи кои ќе покажат колку си прекрасна надворешно и внатрешно и да ти покажам колку многу те сакам тебе и нашето семејство".

Ким била воодушевена со ова изненадување и веднаш објави на Instagram Story како изгледа нејзиниот дом по повод роденденот. "Канје е најкреативната личност кога станува збор за цвеќиња за мојот роденден. Те сакам многу душо".

Коментари

Популарно