ВМРО ДПМНЕ: Ја честитаме нова коалиција на власт која што е составена од Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски по седницата на Централниот комитет на партијата изјави дека вечерва опозицијата одржала историска седница на која раскрстила со сите хипотеки од минатото и тргнува напред.

Николовски отри дека на почетокот на седницата претседателот Христијан Мицкоски побарал највисокото партиско тело да отвори дебата за потребата од организирање на конгрес на партијата на кој што може да се бира нов претседател.

За да не влијае на присутните Мицкоски излегол од салата но сепак едногласно неговиот предлог бил одбиен од сите присутни со што претседателот Мицкоски добил апсолутна поддршка за водење на партијата со целосен легитимитет без потреба да се организиран нов конгрес.

Николовски објасни зошто од партијата се исклучени видни членови.

„Поради организирање група со која се вршеле закани, уцени, и поткуп како и поради користење на најниски методи ЦК го разреши потпретседателот Митко Јанчев а на тајно гласање едногласно е разрешен и Константин Богданов член на Извршниот Комитет. Партијата побара од оштинските комитети

исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров“ изјави Николовски кој објави дека

ЦК на ВМРО – ДПМНЕ бара осумте пратеници кои добија мандат од листата на коалициајта „За подобра Македонија“ да поднесат оставка на своите позициии како пратеници затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните што ги избрале.

Во исто време ЦК на партијата бара од Јавното обвинителство да ги истражи сите закани и обиди за поткуп за време на гласањето за уставните измени.

Николовски вечерва објави нова коалиција во Македонија.

„Сакаме да ја честитаме нова коалиција на власт која што е составена од Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков. Од вечерва ВМРО – ДПМНЕ чекори напред свесна за предизвиците“, изјави НИколовски.

Запрашан дали вечерва партијата се пресметувала со неистомисленици Николовски одговори дека ако се организирала група за на пратениците да им се заканува а со цел некој да ги зачува своите привилегии во договор со Зоран Заев не се работи за неистомисленици.

„По долги години се отвори внатрепартиска дебата која ќе ги опфати сите што се огрешиле кон партијата и државата, за Никола Груевски нема сознанија дека учествувал во притисоците при гласањето за уставот“, изјави Николовски кој повторнно го повика ЈО да ги истражи сите аномалии при обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието.

Во врска со изјавата на Метју Палмер кој рече дека нема потреба да се сретне со Мицкоски, Николоски вели дека партијата е во постојана комуникација со САД и меѓународната заедница и дека останува во контакт. Тој рече дека писмото од САД е примено и најави дека ќе се интензвираат контактите со меѓународната заедница а партијата ќе го засили пријателството со меѓународните партнери.

Николовски ја демантираше веста дека Сашо Мијалков вечерва бил во седиштето на партијата за да изрази поддршка за Мицкоски.

Коментари

Популарно