Груевски во затвор на 9ти Ноември?

Поранешниот Премиер и екс претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него да се јави на 9. ноември,пренесува ТВ21 повикувајќи се на неофицијални извори.

Груевски беше прогласен за виновен во случајот „Тенк“ за незаконско влијание и злоупотреба на фондови од јавниот буџет. Груевски е обвинет за вршење притисок врз службениците на Министерството за внатрешни работи на Македонија, за набавка на луксузниот автомобил „Мерцедес“ во вредност од 600 илјади евра.

Интересно е што токму Груевски во неговиот мандат го отвори новиот затвор во Куманово, во кој сега треба да ја одлежува казната.

Коментари

Популарно