Денеска дожд, но утре ни доаѓа ...

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11 степени, а дневната температура од 14 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 18 степени.

Во среда од крајот на денот и преку ноќта преку земјата ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер. Во четврток се уште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура позначително ќе опадне. Од петок дневните температури ќе се во постепен пораст.

Коментари

Популарно