Ова се статусите на ФБ поради кои беше приведен Миленко Неделковски

Во текст на својот портал, Дудинка.орг, новинарот Миленко Неделковски ја раскажа својата страна на приказната за неговото вчерашно приведување. 

„Не знаеа што да кажат и јас продолжив: “Како не ви е срам да правите политички притисок врз слободномислечки луѓе? Како не ви е срам на 61-годишен мирољубив и ненасилен граѓанин да му доаѓате со 7 наоружани инспектори? Како не ви е срам да извршувате гнансни работи за фашистичкиот режим“? И им велам: “Јас вас, МВР, Обвинителството, Судот и оваа фашистичка власт на Џес Бејли НЕ ЈА ПРИЗНАВАМ. Ајде сега вадете документте што ви се однапред спремни за да ме носите на судија и во притвор, бидејки не сакам да се замарам со такви идиоти како вас“. Реално, адвокатите почнаа да ме смируваат. Инспекторите “ама господине Миленко дозолете ние нашата професионална работа да  си ја завршиме. Еве, читаме дека ви доаѓаат напади врз Дудинка од Македонија, направете допис до нас ние ќе се погрижиме да откриеме кој ви ја руши веб страната“. Работава, на службата од МВР што перманентно ми ја руши Дудинка, да им дадам одобрение да ме спасуваат?! Луда работа, на џелатот да му кажеш откако ќе ми ја одрубиш главата, пак зашиј ми ја на рамења!!!

Еве ги нападите врз Дудинка само во текот на последниот месец:

Следеше повторна моја тирада на висок тон дека е ова фашизам, дека е суспендирање на демократијата, дека е укинување на слободната мисла, говор, пишување, размислување.

Видоа не видоа, ми ги презентираа “доказите“.

Сум му напишал на Зоран Заев “И тебе ќе ти слета авиончето во Мостар“! Што значело тоа? Инаку статус кој веќе не можете да го најдете оти Фејсбук го избриша и ме банира на 30 дена.

Следниот “доказ“, како и предходниот поткрепен со принт скрин од ФБ фан страната беше за постот каде сум пишал “Чекајте го Ќосето“.“

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Коментари

Популарно