Ариана Гранде љубовната болка ја лечи како најголем дел од девојките

Пејачката Ариана Гранде, неодамна ја раскина веридбата и врската со комичарот Пит Дејвидсон, со кој беше во врска неколку месеци.

Парот живеел во луксузниот стан на Ариана, во Њујорк, а имале и заедничко милениче, прасенце, на кое му го дале името Пиги Смолз и кое после раскинувањето ѝ припаднало на Ариана.

За да го излечи скршеното срце после раскинуваето и барем малку да ги ублажи анксиозните напади кои ги има веќе некое време, Ариана се одлулила за омилената терапија на сите жени – шопинг!

Во друштво на пријателите, пејачката ги „нападнала“ луксузните продавници во центарот на Њујорк, а шопингот го завршила со две преполни ќеси потпишани од Шанел, пренесува „Cosmopolitan“.

Овој скап излет не предизвикал никаква штета за буџетот на Ариана, со оглед на тоа дека пејачката не го крие износот на својата заработка, кој моментално изнесува вртоглави 50 милиони долари.

Од друга страна, Пит се пошегувал дека после раскинувањето, тој активно е посветен на барање цимер.

Коментари

Популарно