Џејда Смит: "Плачев на денот на својата венчавка"

Актерката Џејда Пинкет Смит е во брак со актерот Вил Смит веќе 20 години.

Откако во емисијата на Џејда, "Red Table Talk", парот открил дека имале потешкотии во бракот, сопругата на Вил Смит признала дека била несреќна на денот на нивната венчавка во 1997 година. 

"Знаев дека не требаше да се венчам", изјавила оваа 47-годишна актерка. Џејда тогаш била во третиот месец од бременоста.

"Првото тримесечје од бременоста ми беше многу тешко. Бев вознемирена што мораме да се венчаме. Плачев цело време додека чекорев кон олтарот", признала таа.

"Никогаш не се сложував со правилата кои ги пропишува бракот. Едноставно не се сложувам со тоа. Додека смртта не не' раздели е едно правило за мене, но останатите идеи ... Терминот "сопруга" и целата дефиниција на жената во бракот ... јас едноставно не сум таа личност", открила Џејда Пинкет.

Таа додала и дека венчавката ја направиле само за да ја задоволат нејзината мајка, а всушност таа и Смит сакале да се ветат еден на друг во природа.

Коментари

Популарно